3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива тековно и по суви коловози

Сообраќајот се одвива тековно и по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат во утринското соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патниот правец (Р 1308) Макази – граничен премин Маркова Нога поради свлечиште кај местото викано Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП