10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп во ,,борба“ против сите

Трамп во ,,борба“ против сите

Претседателот Трамп ги обвини Русија и Кина за девалвација на сопствените валути во период кога САД ги зголемува каматните стапки.

На ова обвинување веднаш реагираше Кина со обвинување кон САД за праќање на нејанси пораки.

„Русија и Кина играат игра така што вршат девалвација, во период кога САД ги зголемува каматните стапки. Тоа е неприфатливо“, напиша Трамп на својот „Твитер“ профил.

На оваа реагираше и портпаролката на министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјунг, која во својата изјава нагласи дека приметила како Трамп е контрадикторен и дека неговата изјава е спротивност со извештајот на министерството за надворешни работи на Кина во кое што ни еден трговски партнер не е споменат како валутен манипулатор.

„Изгледа дека информациите кои пристигнуваат од американска страна се малку хаотични“, заклучи потпаролката на конференцијата за новинари, и додаде дека „без оглед на тоа што другите кажуваат, Кина ќе продолжи да ја промовира реформата за девизниот курс на јенот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП