21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Нов Зеланд штотуку ја „уби“ својата нафтена индустрија?!

Дали Нов Зеланд штотуку ја „уби“ својата нафтена индустрија?!

Нов Зеланд ја изненади енергетската индустрија со забраната за бушење за пронаоѓање на нафта и гас во близина на брегот.

Причина за таквата одлука е обидот за намалување на климатските промени, пренесуваат медиумите.

Премиерката на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, неодамна изјави дека владата повеќе нема да издава дозволи за експлоатација на нафта и гас. Во своето обраќање се изјасни дека оваа одлука претставува уште еден чекор на преминување од транзиција кон економија без загадување.

Камерон Мадгвик, директор на здружението за истражување и производство на нафта во Нов Зеланд рече дека оваа одлука е неповолна за економијата и животната средина во Нов Зеланд.

„Ова исто така, најверојатно ќе ги загрози работните места и ќе резултира со повисоки цени. Додека нафтата се произведува со цел задоволување на зголемената глобална побарувачка, ќе се отежни производството во Нов Зеланд, а тоа значи дека ќе се зголеми побарувачката на други места, а ние ќе ја увезуваме нафтата по повисока цена“.

Тој додава дека одредени компани веќе инвестираат голема сума на пари очекувајќи зголемена потрага по нафта и гас, а сега на удар ќе бидат работните места.

Според извештаите од здружението, имено, индустријата за нафта и гас вработуваат преку 11.000 луѓе во „најпрометните периоди“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП