
Денеска во City Mall кај киното Cineplexx, во периодот од 18 до 20.30 часот беше поставен штанд на кој заинтересираните можеа да се запознаат со новата апликација за мобилно плаќање KomPay.


Денеска во City Mall кај киното Cineplexx, во периодот од 18 до 20.30 часот беше поставен штанд на кој заинтересираните можеа да се запознаат со новата апликација за мобилно плаќање KomPay.
Но, она што ја прави уште позначајна оваа апликација е нејзината општествено одговорна компонента, а тое е дека со секоја трансакција со услугата KomPay, Комерцијална банка АД Скопје издвојува по еден денар за младинските центри „Сакам да знам“.
За таа цел, за време на настанот, на влезовите во City Mall, волонтери делеа флаери со цел да ги запознаат посетителите со работата на младинските центри „Сакам да знам“.

Младинските центри „Сакам да знам“ во Шуто Оризари и Водно со кои раководи Асоцијација за здравствена едукација и истражување-ХЕРА во партнерство со Здравствениот дом – Скопје се првите и единствени центри во Скопје, отворени во 2006 година, кои нудат бесплатни и доверливи здравствени услуги и советување за младите и за социјално маргинализираните лица.
Од отворањето во 2006 година до денес, двата младински центри „Сакам да знам“ имаат понудено повеќе од 88.000 услуги на над 27.000 клиенти. Од нив, околу 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално исклучени или ранливи групи, а околу 20% се студенти и средношколци.

Што може да се добие во младинските центри „Сакам да знам“ на ХЕРА?
Прегледи:
Советувања:
Тестирања:
