3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите Дураку и Решитај договараат Шар Планина да биде национален парк

Министрите Дураку и Решитај договараат Шар Планина да биде национален парк

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, денеска оствари работна средба со министерката за животна среднина и просторно планирање на Република Косово, Албена Решитај.

На средбата се дискутира за досегашната добра соработка помеѓу Македонија и Косово во областа на заштитата на животната средина, како и за резултатите од досега реализираните проекти и програми помеѓу двете држави.

Притоа двете страни разменија информации и искуства од повеќе области, меѓу кои заштита на природата, управувањето со отпадот, подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, како и заштита на водите.

„Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а набргу ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за оваа тема меѓу двете држави. Разговаравме и за проблемите што се однесуваат на водите, за реката Лепенец и за проблемите со воздухот“, изјави министерот Дураку по средбата.

Бидејќи двете држави имаат цел членство во ЕУ, и двете страни искажаа подготвеност за здружување во тие заложби, со што ќе го олеснат самиот процес како на двете држави така и на целиот регион остварувајќи ја заедничката цел – чиста и здрава животна средина.

„Нашата цел, на двете држави, е интеграција во ЕУ и ова ни е шанса за понатаму да ја развиваме нашата соработка и така заедно кон ЕУ“, истакна Решитај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП