2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо повисок коефициент ќе се пресметува ноќниот труд на медицинските сестри

Со повисок коефициент ќе се пресметува ноќниот труд на медицинските сестри

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потпиша анекс на новиот колективен договор за зголемување на додатокот на плата за прекувремена работа, работа ноќе и работа на дежурство.

Потпис на договорот ставија и претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центар, Горан Беговиќ, и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

Според анексот од новиот колективен договор, вредноста на процентот за ноќен труд на медицинските сестри ќе се пресметува по нов повисок коефициент од 0,50 проценти.

„Претходниот коефициент изнесуваше 0,29 проценти за ноќен труд. Имено, за 8 часа ноќен труд, медицинските сестри со средна стручна спрема ќе земаат нето износ од 440 денари, медицински сестри инструментарки 446 денари, медицинска сестра со висока школа 483 денари, а медицинска сестра со висока стручна спрема 544 денари“, информираат од Министерството за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП