18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото со значително поголема вредност во однос на доларот

Еврото со значително поголема вредност во однос на доларот

Како што растат ризичните одлуки на инвеститорите и најавите на нови напади врз Сирија, курсот на еврото во однос на доларот на меѓународните пазари достигнува највисоко ниво во последниве три недели.

Еврото порасна за 0,3% во однос на претходното затворање со 1,2412 долари, и достигна највисоко ниво досега од 28-ми март. Доларот во однос на јенот е послаб за 106,96 јени. Во период, кога е во исчекување средбата на Трамп со јапонскиот премиер Шинзо Абе доларот се движи под највисокото ниво од 107,78 јени кои ги достигна минатиот петок.

Индексот на доларот, кој спаѓа во групата на највредни валути во светот, во вакви околности падна за 0,2%.

Од периодот кога беше британскиот референдум за излез на Британија од ЕУ, поради оптимизмот во врска со очекуваното зголемување на каматната стапка, за прв пат меѓу „победниците“ се најде и британската фунта, која утрово забележа највисоко ниво во однос на доларот. Инвеститорите исто така, го поддржаа се почестото спомнување на нестабилниот „Brexit“.

Покрај фунтата, доларот е послаб и во однос на неколку азиски валути, вклучуваќи го и корејскиот вон, имено, овие валути се купувани поради стравот на инвеститорите од можен трговски конфликт помеѓу САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП