18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдна од најголемите криптоберзи престана со работа во Јапонија

Една од најголемите криптоберзи престана со работа во Јапонија

„Kraken“, една од платформите за трговија со криптовалути со најдолга историја во светот, престанува со услугите за јапонските жители, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Сан Франциско укажа на зголемените трошоци за водење на бизнисот во Јапонија за својата одлука, иако истакна дека повторно ќе влезе во земјата во иднина. Берзата планира привремено да ги суспендира сите свои услуги што ги нуди во Јапонија од октомври 2014-та година до крајот на јуни.

„Запирањето на нашите услуги за Јапонија ќе ни овозможи подобро да се фокусираме на нашите ресурси за да ги подобриме нашите перформанси во други географски области“, истакнаа од „Kraken“.

Компанијата објаснува дека ова е локализирана суспензија на услугата која влијае само на жителите на Јапонија и нема да влијае на услугите за јапонски граѓани или компании лоцирани надвор од земјата.

Берзата за трговија со криптовалути – „Kraken“ е рангирана на 10-то место во изминативе 24 часа со префрлени средства во вредност од 190 милиони долари, според „Coinmarketcap.com“.

Јапонија веќе долго време се смета за добро место за тргување со криптовалути, но земјата во моментов има проблеми во оваа насока. Сепак, регулаторите сакаат да го регулираат пазарот наместо да го забранат целосно. Претходно овој месец, Јапонија го направи првиот чекор кон легализирање на првичните понуди за дигитални валути, што е забрането во Кина и Јужна Кореја.

На крајот на март, пет берзи за трговија со криптовалути ги повлекоа своите апликации за лиценцирање во Јапонија, велејќи дека не можат да ги исполнат барањата на Јапонија.

Во Јапонија има ентузијазам кон виртуелните пари и, со цел подобро да ги заштити потрошувачите, земјата создаде систем кој бара лиценцирање на берзите. Лиценци досега добиле шеснаесет берзи за криптовалути.

Канцеларијата за финансиски услуги покажа дека берзите кои се откажуваат од процесот на лиценцирање ќе ги повратат парите на своите клиенти пред да престанат да работат. Компаниите може да продолжат да нудат други услуги за кои не е потребна дозвола за размена на криптовалути.

Токму заради затегнувањето на прописите во Јапонија, некои берзи веќе се повлекуваат од еден од најголемите пазари за тргување со криптовалути.

На пример, платформата за трговија со криптовалути „Бинас“, со најголем обем на трговијата во светот, бара нов почеток во Медитеранот. Компанијата, основана минатата година во Хонг Конг, планира да отвори канцеларија во Малта, изјави неодамна основачот Жао Чианг. „Binance“ наскоро ќе започне со тргување во европската островска држава и е блиску до склучување на договор со локалните банки, која може да обезбеди пристап до депозити и повлекувања, рече тој, без да се ангажира со одреден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП