3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија губи 30 милијарди евра поради недостаток на персонал

Германија губи 30 милијарди евра поради недостаток на персонал

Доколку компаниите можат да ги пополнат сите слободни работни места со експерти, германската економија ќе расте уште повеќе – и тоа со силен раст.

Недостатокот на квалификуван персонал го намалува германскиот економски раст до 0,9% на годишно ниво. Ова станува јасно од студијата на Институтот за германска економија (IW Köln), цитирана од „Spiegel“.

Според анализата, на корпоративна Германија и требаат околу 440.000 експерти. Ако бидат ангажирани, економското производство во Германија би можело да биде повисоко за 30 милијарди евра, покажува студијата. Тешката и често неуспешна потрага по квалификувани работници е важна причина за ниските деловни инвестиции и застојот.

Всушност, недостигот на квалификувани работници е на врвот на листата на грижи кај многу компании.

Една неодамнешна анкета спроведена од Германската комора за индустрија и трговија (DIHK) меѓу 24.000 компании покажа дека 60% од сите компании го проценуваат недостигот на квалификувани работници, како најголем бизнис ризик. Пред осум години овој удел беше само 16%.

Овој тренд може да се зголеми во наредните години. Според проценките на Институтот за истражување во Базел, „Prognos“ во 2030-та година, Германија може да има недостиг од 3 милиони квалификувани работници – дури и ако 200.000 квалификувани работници пристигнуваат во земјата секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП