17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндија го казни Vodafone со 220 милиони долари

Индија го казни Vodafone со 220 милиони долари

photo_1334684461590-1-0

Индиската влада го казни британскиот телекомуникациски гигант „Vodafone“ со 220 милиони долари, пренесе „Bloomberg“. Регулаторите од оваа земја тврдат дека во периодот од 2008-та година до 2011-та година компанијата поднела лажни информации за своите приходи и ја оштетила државната каса.

„Мобилните оператори во Индија плаќаат лиценци на Министерството на телекомуникации. Тие се пресметуваат во однос на растот во нивните приходи на годишна основа. Според министерството „Vodafone“ погрешно ги пресметува приходите или намерно го прикрива годишниот раст“, објасни Танви Шукла од „Bloomberg“.

Ова не е прв проблем на компанијата со индискиот даночен регулатор , тие се обидуваат да го решат даночниот спор за над две милијарди долари кои се поврзани со купувањето на „Hutchison Telecoms“ во 2007-та година, потсетуваат Шукла.

„Казната од индиските власти нема да влијае добро на компанијата. Рокот за плаќање е 15 дена, а најлошото е дека најверојатно тоа нема да биде последен правен проблем кој ќе го имаат. Со други зборови – во тек се подготовките за следниот круг од битката помеѓу мобилениот гигант „Vodafone“ и индиското министерство за телекомуникации”, резимира Шукла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП