18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ стравува од превисок долг!

ММФ стравува од превисок долг!

Генералната директорка на Mеѓународниот Mонетарен Фонд (ММФ), Кристин Лагард, предупреди за ризикот од можни финансиски тешкотии и задолженост на земјите вклучени во „Патот на свилата“ (модерен пат, трговски и економски коридор од Шангај до Берлин).

Станува збор за земји кои се вклучени во изградбата на инфраструктурни проекти, во рамките на кинеската иницијатива „Новиот пат на свилата”.

Лагард во Пекинг на форумот одржан по повод „Новиот пат на свилата“ изјави дека големиот план на кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013-та година ќе биде добар за развој на патиштата, пристаништата, железницата и индустриски паркови низ Азија, па се до Европа и Африка.

Иницајативата засега опфаќа 70 земји кои ќе треба заедно да вложуваат, иако голем број градилишта всушност се финансираат со заеми од кинеските институции. Некои западни земји во овој проект гледаат стратегија на Пекинг за зацврстување на влијанието.

„Овие патишта можат да „одговорат“ на можна итна потреба за инфраструктура низ светот, и преку нив да се донесе финансирањето што е доста потребно на земјите кои што го добиваат“, додаде таа на собирот на кинеските и странските претставници.

Таа, сепак, предупреди дека ова партнерство „може да доведе до проблематично зголемување на долгот на овие земји“ и можно е ограничување на нивната потрошувачка зависно од степенот на растот на трошоците за сервисирање на долгот.

„Во земјите каде што јавниот долг е веќе висок, од клучно значење е внимателно следење на финансиските услови“, рече таа.

Според извештаите на „AFP“, Државната банка за развој во Кина и другите институции, всушност обезбедуваат огромни заеми за градилиштата кои ќе бидат вклучени во овој проект, до тој степен што се ризикува, да се соочат со неодржлива финансиска состојба.

Така, Шри Ланка која зеде големи заеми од Кина за изградба на пристаниште, беше принудена под притисок на растечкиот долг официјално да ја предаде контролата врз таа инфраструктура на Пекинг.

Генералната директорка рече дека се залага за повеќе колективни инвестиции и повика на поголема транспарентност.

„Треба да се осигураме дека овие „Патишта на свилата“ не водат таму каде што треба“, потенцира Лагард.

„Во големите проекти секогаш постои искушение да се подготви профит од тендерот, секогаш постои ризик од неуспех на проектот или проневера на финансиските средства. Понекогаш тоа се нарекува и корупција“, изјави таа.

Кинескиот претседател ја отфрли критиката упатена кон овој проект.

„Не станува збор за „Маршаловиот план“, ниту кинески заговор. Се работи за иницијатива која оди по својот тек целосно отворено“, рече Си непосредно пред Форумот организиран во јужниот дел на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП