2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобра вест, платите растат побрзо од инфлацијата

Добра вест, платите растат побрзо од инфлацијата

Платите во Британија растат со побрзо темпо од цените, што е позитивен развој на ситуацијата за тамошните домаќинства.

Просечната неделна заработка во три месеци заклучно со февруари порасна за 2,8 проценти во однос на истиот период минатата година, според податоците на британската Канцеларија за статистика, пренесува агенцијата АП.

Тоа е над инфлацијата од 2,7 проценти забележана во овој месец и укажува на тоа дека на притисокот на приходите на домаќинствата, кој го предизвика Брегзит, му се приближува крајот.

Централната банка на Англија најави дека на 10 мај на наредното заседавање, би можела да ја зголеми клучната каматна стапка за четвртина процентен поен, на 0,75 проценти за да ја приближи инфлацијата кон својата цел од 2,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП