29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКое е најпродаваното спортско купе во 2017-та?

Кое е најпродаваното спортско купе во 2017-та?

„Ford“ тврди дека тоа е нивниот модел „Mustang“, кој се продава во 146 земји во целиот свет.

За љубителите на „Ford Mustang“, 17-ти април е многу важен датум. Тој ден, далечната 1964-та, американскиот производител во исто време го претстави моделот „Mustang“ на авто-саемот во Њујорк и во изложбените салони на „Ford“ ширум САД.

Новиот модел преку ноќ стана сензација и ги „поплави“ американските патишта во следните години.

Својот 54-ти роденден „Mustang“ го прославува како најпродавано спортско купе во светот во 2017-та, со 125.809 продадени примероци.

Очекувано, САД е најголемиот пазар за легендарното „пони“, со 81.866 испорачани автомобили. Од преостанатата третина од продадени „Mustang“ возила, 7.125 завршиле во Кина, која е многу важен пазар за овој модел.

Приврзаниците на „V8“ моторот ќе ги израдува веста дека токму овој погонски агрегат е најбараниот – најмногу продадени примероци се „Mustang GT“ со 5.0-литарска „V8“ единица.

Инаку, ова е трета година по ред во која „Mustang“ е прогласува за најпродавано спортско купе во светот. Покрај тоа, во 2016-та, „Mustang“ беше и најпродаваниот спортски автомобил во Европа.

Откако во 2015-та започна глобалната продажба на последната генерација на овој модел, вкупно во целиот свет се испорачани 418.000 примероци.

„Mustang“ е достапен во 146 земји, а во 2017-та започна продажбата и на значајниот, бразилски пазар.

Зa 2018-та година, „Ford“ го подобри овој модел, како во поглед на дизајнот, така и кога станува збор за механизацијата.

„Mustang“ претрпе стилски промени на предниот и задниот дел на возилото, а од понудата е повлечен „V6“ агрегатот, додека 5.0-литарскиот „V8“ и турбо бензинскиот 2.3-литарски „EcoBoost“ добија поголема моќ. Најмоќниот „V8“ сега испорачува 460 ks, a 2.3-литарскиот четирицилиндарски мотор произведува 310 ks.

Двете верзии се достапни со 10-брзински автоматик или шестстепен мануелен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП