22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска има проблем кој многу држави би го посакувале!

Данска има проблем кој многу држави би го посакувале!

Данска има еден луксузен проблем – релативно многу пари и мал долг, а тоа создава проблеми за пазарот на државен долг.

Сметката на владата во централната банка порасна минатиот месец до 207 милијарди круни (34 милијарди долари), или два пати над таргетот, а тоа е и највисокото нејзино ниво од пред три години.

Ова е убаво, но во исто време ја чини државата милиони во форма на камати, кои треба да се платат, со оглед на негативните каматни стапки на банката.

Во исто време, односот долг-БДП е половина од оној на Европа, вршејќи притисок врз ликвидноста на пазарот на обврзници.

Ова ги принудува лидерите да размислуваат за начините за намалување на сметката во централната банка, а истовремено да ја зголемат ликвидноста, барем за клучните прашања.

Пред една година, државата почна да им плаќа на големите дилери, ако одговорат на определени критериуми за зголемување на прометот. Ова помогна да се зајакне спроведувањето на „купува-продава“. Оваа година, владата спроведува освежувачка „гимнастика“.

Минатата недела државата презеде неочекуван чекор, најавувајќи дека ќе откупи хартиите од вредност во вредност од 3,6 милијарди круни (599 милиони долари), издадени од „KommuneKredit“, која е во сопственост на локалните власти.

Тоа не беше вклучено во планот на долгови на владата за годината и ја зголемува потребата од финансирање, според Јан Остергаард, виш аналитичар во „Danske Bank“.

Има и обезбедени обврзници во вредност од 180 милијарди круни (29.9 милијарди долари) издадени од хипотекарните банки за финансирање на јавно домување. Администрацијата планира да замени поголем дел од нив со нови гарантирани од државата обврзници кои, од своја страна, службата за долгот ќе ги купи со емисија на државни обврзници.

Данска предвидува 10 години за да ја направи оваа замена.

Веројатно ќе потрае многу помалку време од тоа, во предвид „главоболките“, кои сметката на државата во централната банка ги носи и ниските потреби за издавање на долгот, вели Остергаард. Тој очекува канцеларијата за долг „да прифати повеќе средства на нивната сметка“ кога ќе ја ажурираат својата стратегија во јуни.

Промената ќе ја спаси владата од 9 милијарди круни (1,49 милијарди долари) до 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП