12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп нареди одложување на новите економски санкции за Русија

Трамп нареди одложување на новите економски санкции за Русија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, наредил одложување на новите економски санкции што требаше да бидат воведени врз Русија, а во неделата ги најави амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли.

„Вашингтон пост“ пишува дека по најавите дека санкциите ќе влијаат врз компаниите што помагаат со опрема за извршување хемиски напади во Сирија, Трамп одржал консултации со неговите советници за национална безбедност. Тој бил вознемирен што санкциите биле јавно најавени бидејќи не се чувствувал сигурен оти постои потреба за наметнување на санкциите.

Претставници на администрацијата на Трамп соопштија дека е мала веројатноста тој да одобри дополнителни сакции против Русија, без нова провокација од страна на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП