23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Групацијата оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра

НЛБ Групацијата оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра

НЛБ Групацијата за 2017 година оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра, што е двојно повисока од 2016 година, кога профитот на Групацијата изнесуваше 110 милиони евра. За добрите резултати на НЛБ Групацијата придонесоа сите банки-членки, вклучувајки ја и НЛБ Банка Скопје, која оствари профит во износ од 35 милиони евра во 2017 година.

“Надзорниот одбор е задоволен од резултатите кои се најдобри во историјата на НЛБ Групацијата. Сакаме да им честитаме на менаџментот и на сите вработени, нивните напори и посветеност. Задоволни сме од напредокот во дигитализацијата, рационализацијата и модернизацијата на процесите и услугите, што потврдува дека целата НЛБ Група го прифати технолошкиот развој и дигитализација како нова можност за иден раст. И банката и целата група одиграа важна улога во генерирањето на иновативни, напредни и едноставни решенија за клиентите на нивните локални пазари. Подобро корисничко искуство и постојана достапност од една страна и силна советодавна улога од друга страна покажуваат дека фокусот е на клиентите, нивните потреби и задоволство. Во прилог на стабилен, одржлив и профитабилен бизнис, ова е добра основа за успешно работење на НЛБ Групацијата во иднина “, рече Примож Карпе, претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во Љубљана.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП