22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте пазарот за фармацевтска биотехнологија во Германија

Расте пазарот за фармацевтска биотехнологија во Германија

Пазарот на лекарства, произведени со помош на биотехнологија порасна за 8 отсто на рекордни 4 милијарди долари во Германија во минатата година, според податоците објавени од консултантската компанија „EY“ во Франкфурт.

Повеќе од 600 биотехнолошки компании, вклучувајќи ги и „Evotec“, „Medigene“ и „Morphosys“, се активни во индустријата, при што лечењето на ракот зазема централно место. Вработувањето во индустријата се зголеми за 12 отсто на речиси 26.000 луѓе.

Иако е постигната рекордна вредност од 627 милиони долари за финансирање, главно со отворање на нови акции на основаните компании, има мало намалување при инвестициите со ризичен капитал во „стартап“ компании.

Само осум нови компании се создадени, а средствата за истражување и развој паднаа за 3 отсто на 1,2 милијарди евра.

За споредба, компаниите во САД и другите европски земји известија за нагло зголемување на инвестициите. Германија заостанува во овој сектор по Франција, Велика Британија и Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП