25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина не се плаши од можната војна, економскиот раст е силен

Кина не се плаши од можната војна, економскиот раст е силен

Економскиот раст на Кина остана силен и во првиот квартал од 2018 година, благодарение на инвестициите и забрзаната експанзија на електронската трговија.

Кина забележа раст и покрај растот на трговските тензии со Вашингтон.

Втората најголема економија во светот порасна за 6,8 проценти во првите три месеци на годишно ниво, што е на ниво од претходниот квартал и незначително повеќе од вкупниот раст остварен во цела мината година од 6,9 проценти, покажаа денешните податоци на кинескиот Државен завод за статистика.

Зголемувањето на бруто домашниот производ (БДП) ја надмина официјалната цел на владата за 2018 година од околу 6,5 проценти, пренесува агенцијата АП.

Економските аналитичари, сепак, очекуваат ладење на растот во 2018 година бидејќи Пекинг настојува да го ублажи растот на долгот со заострување на контролата во секторите за продажба на недвижнини и банкарското кредитирање во кое веќе долго се бележи вистински бум.

Прометот во малопродажбата е зголемен за 9,8 проценти во однос на декемвриското ниво од 9,4 проценти, додека прометот во електронската трговија скокнал за 35,4 проценти, што е за 3,3 проценти повеќе отколку во претходниот квартал.

Инвестициите во фабриките, во недвижнините и во останатиот фиксен имот пораснале за 7,5 проценти во однос на растот од 7,2 проценти во 2017 година.

Фабричкото производство во извештајниот квартал е зголемено за 6,8 проценти во однос на една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП