28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО предупредува: Ова ќе го загрози растот на трговијата

СТО предупредува: Ова ќе го загрози растот на трговијата

Ескалацијата на трговската напнатост меѓу големите економски сили и заканата за поврат на протекционизмот може да го загрози силниот раст на светската трговија.

Растот за оваа година се проценува на 4,4 проценти, изјави шефот на Светската трговска организација – СТО (World Trade Organization – WTO) Роберто Асеведо.

СТО ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната трговија за 2018 година на 4,4 проценти, додека претходната изнесувала 3,2 проценти.

Но, „силниот раст на трговијата кој се бележи ќе биде клучен за одржување на растот и економското закрепнување како и за поддршка на создавањето на работни места меѓутоа, тој важен напредок би можел да биде загрозен ако владите се завртат кон рестриктивната трговска политика, особено во рамки на мерките и контрамерките кои би можеле да доведат до непредвидлива ескалација“, изјави Асеведо.

Според неговите зборови, „спиралата од казнени мерки“ е „нешто последно што и треба на светската економија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП