25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските инвестиции драстично намалени!

Кинеските инвестиции драстично намалени!

Кинеските нефинансиски директни инвестиции во светот се зголемија за 24,1 отсто на 25,5 милијарди долари во првите три месеци од 2018-та година, објави Министерството за трговија

Министерството се уште нема објавено податоци за нефинансиските директни инвестиции за март, објави агенцијата „Ројтерс“.

Нефинансиските директни инвестиции се вид на инвестиција каде што враќањето не се очекува директно во вид на пари, туку преку заштеда на идни трошоци на пример, заштеда на трошоците за енергија со инвестирање во термоизолација на објекти или заштеда на гориво со купување поекономични возила.

Кинеските инвестиции, во светот се намалија за 29,7% во 2017-та година, бидејќи регулаторите ги зајакнаа прописите поврзани со одливот на девизи поради сомневање дека некои од надворешните работи се многу шпекулативни по природа и се користат за заобиколување на контрола на капиталот.

Министерството додаде дека во првиот квартал нема нови инвестиции во индустријата на недвижнини, спортот и забавата надвор од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП