Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Сепак за гасоводот на Водно ќе одлучуваат и граѓаните

Време: 16:01

Датум: април 16, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Во одлучувањето за гасоводот на Водно ќе бидат вклучени и граѓанските организации. Владата попушти по притисокот што минатата недела го направија 10 граѓански иницијативи, кои јавно кажаа дека бараат да бидат вклучени во работната група формирана за наоѓање прифатливо решение за гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар поради кој почна ново уништување на парк-шумата Водно.

„Владата на Република Македонија смета дека консултацијата со граѓанскиот сектор во врска со активностите за гасификација и за заштита на животната средина како две меѓусебно поврзани области е особено важна и корисна. Затоа, во периодот што следува претставници на релевантните институции за овие прашања ќе одржат работен состанок со претставници на иницијативата „Спас за Водно““, рече Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Тој не одговори на прашањето кога ќе биде состанокот на работната група, на кој ќе се решава за гасоводот на Водно ниту, пак, кажа дали досега на оваа тема се состанале претставници од Министерството за транспорт и врски, од АД „Македонски енергетски ресурси“ и од Град Скопје. Владата донесе заклучок да се формира работна група со претставници од овие три институции и ги задолжи во најкус можен рок да најдат заедничко прифатливо решение. Од донесувањето на заклучокот поминаа три недели.

Од граѓанските иницијативи, предводени од „Спас за Водно“, кои побараа вклучување во работната група, велат Владата им одговорила непосредно кога го поднеле барањето минатата недела, но во одговорот не стоело дека тие ќе бидат дел од работната група.

„Во одговорот на нашето барање од Владата стои дека го ценат нашето мислење и дека се подготвени да ги чујат нашите ставови. Бараат лице за контакт со нашата иницијатива, но вклучување во работната група не е спомнато“, велат од иницијативата „Спас за Водно“.

Заедно со нив се и „О2 коалиција“, „Стоп на загадувањето“, „Ние сме Карпош 4“, „Воздух сега!“, „Спас за Кисела Вода“, „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Граѓанска група Карпош 3“ и „Зелено Тафталиџе“. Тие се обединети во барањата итно да бидат вклучени во работната група за гасоводот на Водно, бараат отстранување на градежната механизација за изведба на гасоводот од пар-шумата, утврдување на границите на парк-шумата и нивно јасно обележување и неодложно усогласување на статусот на заштита на Водно со тековниот Закон за заштита на природата.

Тие се организираа кога пред четири недели в зори на Водно се искачија четири багери и почнаа да го рамнат теренот за изградба на гасоводот. Работите се стопирани кога планинарите алармираа за новото уништување на парк-шумата. Во меѓувреме Владата донесе заклучок за формирање на работната група, а од АД „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) кое е дел од неа, за „Макфакс“ изјавија дека менување на трасата за гасоводот би бил прескап зафат, кој воедно би ја одложил изградбата за неколку години. Од МЕР најавија дека нивен предлог за намалување на уништувањето на зеленилото на Водно ќе биде стеснување на трасата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Приштина подготвува нови мерки против Србија

    Приштина подготвува нови мерки против Србија

    Авин Арифи, советникот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и шефот на преговарачкиот тим во дијалогот со Белград, за „Експрес“ изјави дека Приштина подготвува нови дополнителни…

  • Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

    Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

    Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година. Тој рече дека гневот на…

  • Абрамовиќ меѓу шесте руски тајкуни на црната листа на Тереза ​​мај

    Абрамовиќ меѓу шесте руски тајкуни на црната листа на Тереза ​​мај

    Британските разузнавачки служби составиле листа од шест магнати блиски до Владимир Путин, кој треба да бидат дополнително санкционирани поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј…

  • УЈП ја објави најновата Листа на должници

    УЈП ја објави најновата Листа на должници

    Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ,…

  • Времето денеска променливо облачно и студено

    Времето денеска променливо облачно и студено

    Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира…

  • Форум за стратегиски развој на туризмот

    Форум за стратегиски развој на туризмот

    Домашни и меѓународни експерти денеска во Стопанската комора на Македонија ќе дебатираат за стратегискиот развој на туризмот и ефектите од државната политика за негова поддршка.…

  • Од денеска бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Од денеска бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намали за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар. Новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95…

  • Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската популистичка влада ги предупреди европските партнери дека социјалната стабилност на земјата е изложена на ризик ако Брисел продолжува да не го прифаќа утврдениот буџет…

  • МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    За првпат Министерството за здравство од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти, соопштија од Министерството од каде додаваат дека обезбеден е…

  • Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Германскиот трговски суфицит се намали до 18,3 милијарди евра во октомври 2018-та од 19,1 милијарди евра за истиот месец од претходната година, а увозот се…