20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата во добра состојба, еврото и доларот стабилни

Економијата во добра состојба, еврото и доларот стабилни

Еврото оваа недела започна со стапка од 1,23 долари, ниво на кое се движеше и претходната недела. Американската валута, исто така, го задржа нивото наспроти јапонската од петокот и тргуваше со 107,35 јени.

Во една таква атмосфера, Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на другите шест големи светски валути, утрово остана непроменет. Од почетокот на месецот, американската валута забележа пад за 0,3%, што резултира со загуба од 2,5 % во оваа година.

Движењето на девизниот курс на доларот во последните неколку месеци е тесно поврзано со промените во расположението на инвеститорите и тргнување кон поризични инвестиции, и покрај тоа што во прилог им одеше разликата во каматните стапки, како и јазот помеѓу американските и германските обврзници во последниве 3 децении.

Слабеењето на доларот во главно временски се поклопи со зајакнувањето на побарувачката на поризични средства и обратно, како и нападите врз Сирија.

Јапонскиот јен станува се попривлечен за инвеститорите во ист временски период кога има напнатост и пазарни превирања, затоа инвеститорите го сметаат како „светилиште“ во ваков период, а доларот се уште слабее во однос на јенот.

„Реакцијата на девизниот пазар беше ограничена поради претседателот на САД, кој однапред најави можен напад врз Сирија, со што инвеститориите имаа доволно време да се подготват“, рече валутниот аналитичар Јукио Ишизуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП