Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

По Демир-Капија Смоквица ќе се вози од следната недела, за почеток без патарини

Време: 15:17

Датум: април 16, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На почетокот на следната недела се очекува да биде пуштена во употреба новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица и по тој дел од автопатот „Пријателство“ првично ќе се вози без плаќање патарина.

Засега нема нова официјална најава за пуштањето на патот освен претходната дека тоа ќе се случи по 15-ти месецов, а директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска најави дека деновиве ќе ги покани медиумите на таков настан.

За двете планирани наплатни станици на автопатот кај Гевгелија и кај Демир Капија, градежната дозвола е издадена пред три недели, а за завршување, како што изјави Китанов, се потребни околу осум месеци.

– Во моментов се градат новите патарини кои нема да бидат како постоечките, на нив ќе нема никави застои, ќе бидат електронски, со припеид, со тагови. Ќе има патарини и на тој дел од автопатот, а цената се утврдува согласно Правилник, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој не кажа кога очекува да профункцираат патарините.

– Неможе да се каже дека ќе биде бесплатно, патарините ќе си функционираат, за новиот дел на автопатот дозволата за градба е дадена пред неполн месец, па пресметајте, наведе Китанов.

Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. Патот се пушта во употреба по шест години изградба и со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Новата автопатска делница се протега од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Владата во октомври минатата година со анекс на договорот за изградба, го продлжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава, откако беше утврдено дека не е изграден контролен центар и не е дислоциран далекувод на автопатот. Тие активности веќе се завршени, а за пуштањето на автопатот беа направени и други законски измени.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатиот месец објави дека отвора истрага под име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Предметот, според СЈО, се однесува за фаворирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, иако подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Покрај тоа, во „Актор“ има сомненија и за перење пари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ниска свест кај компаниите за заштита на индустриската сопственост

    Ниска свест кај компаниите за заштита на индустриската сопственост

    Во Македонија има регистрирано 123.000 трговски марки. Свеста за значењето за заштита на индустриската сопственост е ниска, но има интерес, а цената за заштита само…

  • Рекорден број волонтери од Америка ќе пристигнат во Македонија

    Рекорден број волонтери од Америка ќе пристигнат во Македонија

    Рекорден број односно 55 Американци в недела, 23 септември, ќе пристигнат во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе…

  • Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

    Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба…

  • Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

    Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба…

  • Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

    Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

    Агенцијата за катастар на недвижности ја пушти во функција надградената апликација „еКат шалтер“ преку која геодетските фирми, министерствата, општините, банките, нотарите и извршителите ќе можат електронски…

  • Рамнотежа, дисциплина, промена – трите столба на новата турска економска програма

    Рамнотежа, дисциплина, промена – трите столба на новата турска економска програма

    Рамнотежа, дисциплина и промена – тоа се основите на среднорочниот економски план на Турција, претставени денес од Министерот за финансии и државната каса Берат Албајрак,…

  • Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

    Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

    Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека поддржува наоѓање решение со кое ќе се овозможи пензионерите без дополнителни приходи да немаат обврска да одат…

  • Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

    Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

    ЕБОР ја финансира модернизацијата на патната мрежа во Македонија со цел да ја подобри транспортната инфраструктура во земјата и да ја поттикне националната економија. Кредитот…

  • Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

    Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

    Италија треба да вложи напори за одржување на државниот долг под контрола, изјави еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи. Ова може да се случи со…