29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈакнењето на еврото не е единствената грижа на Европската Централна Банка

Јакнењето на еврото не е единствената грижа на Европската Централна Банка

Високи функционери на „Европска Централна Банка“ (ЕЦБ) се загрижени поради можното зајакнување на еврото и можноста за трговска војна.

Затоа тие одлучија постепено да се движат при отстранување на економските стимулации.

Овој став е содржан во записникот од последниот состанок на 8-ми март, пренесува агенцијата „AP“.

Управниот совет на „ЕЦБ“,  кој е составен од 25 членови, укажа на ризиците за светската економија поради можноста од зголемување на американските тарифи за увоз на челик и алуминиум кои би ја загрозиле меѓународната трговија.

Претседателот Трамп, претходниот месец најави воведување на тарифи при увоз на алуминиум и челик, како и на стоката од Кина.

На состанокот како ризик се спомнува и зајакнувањето на еврото кое ќе наштети на извозниците.

Од овие причини, Управниот совет одлучи да остави отворен датум за завршување на месечната програма за откуп, која би требало да трае барем до септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП