19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтстранети дивите пазарџии во Општина Аеродром

Отстранети дивите пазарџии во Општина Аеродром

Организирана акција за отстранување на дивите препродавачи на најфреквентните локации во општина Аеродром се спроведува деновиве, а во неа учествуваат инспекциската служба на општината, комуналната инспекција на Град Скопје, пазарната инспекција и полицијата.

„Дивите препродавачи ја попречуваа работата на пазарџиите, кои реагираа до Општината. Дополнително, го отежнуваа движењето на граѓаните на јавните површини со поставување производи за продажба на непредвидени локации. Инспекциските служби пристапија со опомени и акцијата заврши успешно, а јавните површини се исчистени“, стои во соопштението од општината.

Оттаму додаваат дека комуналните инспектори ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП