29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Adecco“ купува приватно американско училиште за 412 милиони долари

„Adecco“ купува приватно американско училиште за 412 милиони долари

Швајцарската компанија за посредување при вработување објави дека за 412,5 милиони долари ќе го купи американското приватно школо за информатика „General Assembly“.

Приватното школо е основано во 2011-та година, и е специјализирано во областа на науката и анализата на податоците. Минатата година остварило приход од 100 милиони долари, а оваа година бележат пополнетост на курсевите, се наведува во една од изјавите на „Adecco Group“.

Листата на клиенти на „General Assembly“ на нивната веб-станица ги вклучува податоци на „Viacom“, „Pearson“ и „L’Oreal“.

Компанијата тргна кон аквизициите со цел, да ги подобри работничките услови и да биде во чекор со конкуренцијата која бележи повисоки стапки на раст.

Швајцарската компанија, очекува воспоставување синергија со приватната школа во областа на образованието, особено во сегментот на преквалификација.

„General Assembly“, моментално е во фаза на значително зголемување на инвестициите, со што се очекува умерено намалување на резултатите на групата во 2018-та година. Влијанието на ова намалување е вклучено во групата на тековните насоки на планираните стратешки инвестиции”, се додава во соопштението на „Adecco“.

Според швајцарската компанија во 2019-та година се очекува оваа школо да го зголеми бројот на групите.

„Среднорочната маргина на „EBITA“ би требало да биде значително повисока од просекот на групата”.

Во изминативе 3 години приходите на американската компанија пораснаа за 30 проценти на годишно ниво, истакнуваа од „Adeccо“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП