25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПариз ја тужи Airbnb за нерегистрирани објави на живеалишта

Париз ја тужи Airbnb за нерегистрирани објави на живеалишта

Властите во Париз ја тужат „Airbnb“ и сакаат компанијата за краткорочни изнајмување на станови да ги укине илјадиците нерегистрирани во општината објави во француската престолнина. Одот навестува конфликт кој може да излезе „лошо“ за компанијата на еден од најголемите нејзини пазари во светот.

Париз побара од француски суд да ја принуди „Airbnb“ и други помали платформи да ги отстранат објави кои не одговараат на новиот закон се бара од жителите на Париз, при изнајмување основното живеалиште на сајтови како „Airbnb“, да прикажуваат градски регистарски број во огласите.

Градот побара од судот да ги казни сајтовите за споделување на живеалиште од 1.000 евра (1.233 долари) од оглас на ден, ако тие не се усогласат со барањата. Казните можат да надминуваат 1 милиони евра месечно за „Airbnb“ ако се им во предвид бројот на огласите на нејзиниот сајт, вели Јан Броса, заменик-градоначалник на Париз задолжен за домувањето. Судот ќе го испита случајот на 12-ти јуни, додаде тој.

„Ние сме разочарани од оваа одлука, која ќе влијае на локалните семејства кои ги споделуват своите домови. Тоа ги става нивните потреби по финансиските интереси на големите хотелски синџири и добро финансирани лоби групи“, изјави портпаролот на „Airbnb“ во соопштението. „Ќе продолжиме да работиме со Париз по едноставни и јасни правила кои функционираат за сите, не само за големите бизниси“, додаде тој.

Тужбата го зајакнува притисокот врз „Airbnb“ поради нејзиното влијание врз локалните пазари за домување. Париз и многу други градови тврдат дека имотите краткорочен престој на компанијата ги прават попрофитабилни за сопствениците на имот да им служат туристи, отколку да даваат домови под наем на жителите на кои им се потребни долгорочен престој и поради тоа се стремат да го ограничат периодот на давање.

Властите во француската престолнина сметаат дека регистарските таблички помагаат за следење на усогласеноста со годишниот лимит од 120 ноќевања, кој цели да ја спречи можноста имотите за кратксрочен престој да завладеат со градот.

„За нас на картата е самиот идентитет на Париз. Не можеме да дозволиме Париз да стане музејски град каде што никој не може да си дозволи да живее“, рече Броса.

За да ги намали тензиите во ноември „Airbnb“ соопшти дека ќе почне автоматски да го спроведува лимитот од 120 ноќевања во центарот на француската престолнина, така што практично принуди некои домаќини да се усогласат со законското ограничување во градот на краткорочното изнајмување на некомерцијални домувања. Сајтот сепак изјави дека нема да ја примени истата мерка во други делови на градот, со што предизвика гнев кај општината.

„Редовно објавиме информации за позитивното влијание при споделувањето на станови во Париз, а и повеќето домаќинки се обични жители кои го споделуваат домот“, рече портпаролот на „Airbnb“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП