Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Успешно работење надвор од канцеларијата-вистина или мит?

Време: 13:46

Датум: април 16, 2018

Категорија: КАРИЕРА

Со развојот на технологијата, се чини дека поимот „канцеларија“ веќе се редефинира. Сè поголемата слобода во изборот и движењето ги прави луѓето да се чувствуваат независни и самостојни кога е во прашање локацијата од каде ќе ги завршат своите работни задачи. Комфорноста и задоволствата во текот на денот не мора да се пропуштaат, само затоа што имаме еден куп работа. Спојот на работата и посетата на некое омилено место, денес е многу едноставно  благодарение на технологиите базирани на облак или cloud. На овој начин, вработените можат лесно да пристапат до канцелариските датотеки и да работат заедно со други членови на тимот додека се во движење или пак се наоѓаат на некоја удобна локација. Компаниите потребно е да сфатат дека канцеларијата и четирите ѕидови не се толку инспиративни. Креативноста и слободата на умот бараат постојано движење и комуникација, кои се главниот предуслов за зголемување на продуктивноста.

Со ваков стил на работа, вработените можат самите да си го организираат денот и да ги избегнат вообичаените пречки кои се составен дел од канцелариското работење како што се: ѕвонењето на телефоните, разговорите со колегите, честите интерни состаноци, консултации и слично.  Со добра техничка поддршка, пристапот до потребните фајлови и документи е едноставен, контактот со колегите непречен, па чувството дека не сте во вклучени во тековните проекти речиси и да не постои.

Во продолжение се неколку неопходни предности доколку некој од вас одлучи својата вообичаена работна средина да ја замени со работа надвор од канцеларија:

  1. Флексибилност

Сосема природно е вработените при извршувањето на задачите да користат различни уреди, така што способноста нивните компјутери да работат на сите оперативни системи значително ќе ја подобри пристапноста и ќе ја олесни работата. Програмот кој го користи компјутерот потребно е да биде доволно флексибилен за да работи на уред за кој лесно се поврзува со останатите колеги. Па така доколку работниот ден го поминете, на пример, во „Јавна соба“, со добра техничка поддршка ќе се чувствувате исто како да сте во канцеларија, со таа разлика што ќе го пропушите официјалниот дел од работата и во поопуштена и инспиративна средина ќе ги завршите работните задачи.

  1. Поврзаност

Непречената и добра вмреженост е една од најважните елементи  на успешниот тим, но уште поважна за оние кои имаат непостојана канцеларија и работат во движење. Стабилната комуникација и трансфер на информации значително ќе ја подобрат целокупната ефикасност на тимот со тоа што ќе овозможи сите постојано да останат во контакт.

  1. Пристап

Сите вработени со флексибилна работна средина бараат пристап до компанискиот сервер за да можат да бидат во тек со сите работни развојни фази и нивната комплетна работа. Неопходен е систем и техничка поддршка кои им овозможуваат на сите вработени да се чувствуваат супериорно во однос на работните задачи.

  1. Безбедност

Доколку ја погледнеме големата слика, сите наведени ставки кои ги споменавме, паѓаат во сенка, доколку ја немаме главната алка која го прави синџирот комплетен, а тоа е сигурноста. Поставувањето на безбедна конекција меѓу компанискиот сервер и уредите на мобилните вработени ќе ве осигураат дека непречено и сигурно комуницираат и  разменуваат чувствителни компаниски информации и документи, без при тоа да стравуваат од нивно компромитирање. Компанијата, исто така, треба да ги промовира најдобрите практики на интернет за да се осигури дека вработени избегнуваат ризично однесување додека се оддалечени од серверите на компанијата.

Што е решението?

Доколку сето ова ви изгледа премногу тешко за да го примените, на пазарот постојат поединечни решенија кои можат да дадат одговор на предизвиците. Во моментот, Microsoft Office 365 претставува најсоодветна алатка со која може истовремено и координирано да ги реши сите предизвици со кои се соочуваат вработените, а кои се одлучиле за неконвенционален начин на работење. Неговата предност е поврзаноста со cloud (облаk), кој ќе ве осигура дека апликациите, датотеките, надградбите и функциите автоматски се ажурираат.

Па така, не си го ускратувајте правото во лежерна атмосфера да ги извршувате работните задачи и да станете професионален „дигитален номад“, бидејќи денес фокусот се повеќе паѓа врз ефикасноста и крајните резултати. Како ќе се постигне разултатот, како ќе се организира времето, ресурсите и локацијата  за работа, сега веќе е личен избор.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Златни правила кои гарантираат успех

    Златни правила кои гарантираат успех

    Само затоа што во моментов правите нешто што не ве прави толку успешни, не значи дека еден ден нема да бидете успешни. А наместо да…

  • Што треба да направите пред почетокот на работниот ден

    Што треба да направите пред почетокот на работниот ден

    Експертите за кариера Лин Тејлор, Дејвид Шиндлер, Мајкл Кер, Анита Атридж, Александра Левит и Мајкл Вудворд дадоа неколку совети за тоа како треба да го…

  • Како да ја избегнете монотонијата во вашето секојдневие?

    Како да ја избегнете монотонијата во вашето секојдневие?

    Без експериментирањето, истражувањето и подготвеноста за нови работи нема успех. Сакајте го она што го работите и почитувајте ги луѓето со кои соработувате, е пораката…

  • Корисни правила за управување со парите

    Корисни правила за управување со парите

    Она најосновното што сите треба да го знаат е дека на сите кои користат кредитни картички им се наплаќа камата, провизија и можеби членарина. За…

  • Ова се четири магични прашања важни за вашата кариера

    Ова се четири магични прашања важни за вашата кариера

    Луѓето кои систематски се занимаваат со себе и ги развиваат своите кариери, знаеме дека понекогаш, навидум и наједноставниот совет може да резултира со големи промени…

  • Кога успехот ќе стане опасност

    Кога успехот ќе стане опасност

    Ако на работа секојдневно решавате проблеми, се соочувате со предизвици и поставувате нови предизвици, тогаш опасноста се крие зад секој агол. Токму поради тоа психолозите…

  • Кариерата може да ја уништите со прекумерна работа

    Кариерата може да ја уништите со прекумерна работа

    Дали знаете дека унапредувањето на работното место е начин на кој фирмата сака да ви каже: „Веруваме во вашиот потенцијал и вредноста како работник и се…

  • Три причини кои стојат меѓу вас и успехот!

    Три причини кои стојат меѓу вас и успехот!

    Луѓето можат да имаат главна улога во унапредувањето на нашата кариера или нејзиното ненадејно запирање. Нашите колеги, надредените и клинетите се личности кои имаат влијание…

  • Неколку начини за да бидете попродуктивни

    Неколку начини за да бидете попродуктивни

    Често ни се чини дека денот е премногу краток за се што треба да направиме. Затрупани сме со работа и додека да излеземе од канцеларија,…

  • Вашата компанија би требало да ви ги понуди овие три работи

    Вашата компанија би требало да ви ги понуди овие три работи

    Одлично е чувството кога знаете дека компанијата во која работите се грижи за вас, не само на професионално, туку и на лично ниво. Доколку секое…