20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајковите и протестите нема да го спречат во неговата цел!

Штрајковите и протестите нема да го спречат во неговата цел!

Претседателот на Франција, Емануел Макрон на домашно поле ја оправда својата стратегија за подигнување на економијата, преку укинување на одредени привилегии на работниците.

И тоа, во ист временски период кога јавноста е вознемирена поради измените на законот за работни односи и намалување на даноците на богатите.

Тој изјави дека, неговата стратегија има за цел да ја направи Франција подобра конкуренција на глобалниот пазар, но сепак останува фатот дека работниците се плашат од губење на привилегиите и напорно се борат за нив, пренесува „AP“.

„Се трудиме да бидеме што поуспешни на економско поле, за да можеме да водиме коректна социјална политика“, рече Макрон во интервју за француски медиум, одржано по повод годишнината од неговиот мандат.

Од мината година, невработеноста во Франција падна од 10% на 8,9%. Оваа година раст е забележан кај бруто домашниот производ за 2%, што е најдобриот резултат во последниве 7 години, а дефицитот на буџетот остана во рамките на ЕУ за прв пат во последниве 10 години.

Владата на Макрон, својата работа ја започна со зголемување на даноците обврзници на пензионерите и намалување на данокот на вработените. Во неколку болници следеше отпуштање на дел од персоналот, исто така, владата почна да планира реорганизација на правосудниот систем како и измени во испитните сесии на факултетите, граѓаните на Франција протестираа за секоја спомената измена.

Железничките работници протестираат секој ден, поради реформите кои предизвикаа големи нарушувања во железничкиот сообраќај.

Претседателот минатата недела, вети дека ќе продолжи со реформите во железницата и покрај масовните протести.

На протестите во Нант и Монпеље уапсени се 63 лица, а 9 полицајци се повредени за време на извршување на својата должност, додека во другите градови тие поминаа мирно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП