28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJaguar во проблеми - дели откази, го намалува производството

Jaguar во проблеми – дели откази, го намалува производството

Британската автомобилска компанија „Jaguar Land Rover“ ќе укине 1.000 работни места и ќе го намали производството во две фабрики во Англија.

Компанијата се одлучи на овој потег поради неизвесноста околу Брегзит и конфузијата поради новата политика кон дизел возилата, што доведе до пад на продажбата.

Продажбата ќе биде намалена во фабриката во Солихал и во фабриката во Касл Бромвич поради што околу 1.000 лица ќе останат без работа, тврди неименуван извор, пренесува Ројтерс.

Во „Jaguar“, сепак, не сакаа да ги коментираат овие тврдења, а истиот извор наведува и дека компанијата подоцна во текот на денот ќе даде официјално соопштение.

„Јасно им е на сите дека продажбата опаѓа“, велат изворите.

„Jaguar“ во јануaри соопшти дека подоцна оваа година привремено ќе го намали производството во својата втора фабрика во Британија, во Хејлвуд, како одговор на слабеењето на побарувачката поради Брегзит и зголемувањето на данокот за дизел возилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП