20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА23 сообраќајки, еден загинат и 20 повредени изминатиот викенд во Скопје

23 сообраќајки, еден загинат и 20 повредени изминатиот викенд во Скопје

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со смртни последици, две со тешки телесни повреди, 11 со лесни телесни повреди и девет со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице (мотоциклист) го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи од кои: четворица – поради тоа што возеле под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а десетмина затоа што биле возачи почетници.

Исто така санкционирани се и 41 возач бидејќи управувале нерегистрирани возила, 18 – поради поминување на крстосница на црвено светло, потоа двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шестмина возачи се санкционирани за неправилно престројување и 18 возачи на мотор, мопед и моторцикл поради некористење на заштитен шлем. Покрај ова, санкционирани се и двајца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а четворица пешаци – затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот викенд издадени се 297 мандатни платни налози, додека 129 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП