29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каде живеат најбогатите луѓе во светот?

График на денот: Каде живеат најбогатите луѓе во светот?

САД, Кина и Германија се најпосакуваните земји за живот на едни од најбогатите луѓе во светот. Ова станува јасно од извештајот на консултантската компанија за недвижен имот „Knight Frank“ која го анализира недвижниот имот, локацијата и ставовите на луѓето со лично богатство од над 500 милиони долари, цитиран од „howmuch.net“.

САД веднаш се појавија како најпосакувана дестинација со 1.830 луѓе кои ја избраа како свој дом. Ова е речиси четири пати повеќе од второ рангираната Кина со 490 луѓе. Причината е, дека при изготвувањето на статистиката Хонг Конг (320 лица) е впишан како посебна локација, иако од 1997-ма година повторно е под кинеско управување. Но, дури и бројот на милионери не е половина од оној на САД.

Третата позиција е за Германија со 430 луѓе од најбогатите 0,001% кои ја претпочитаат како свој дом. Првите пет се надополнети од Јапонија (390 луѓе) и Хонг Конг (320 луѓе). Меѓу првите десет земји е присуството на Швајцарија, која е на седмо место со 250 милионери.

Од графикот е јасно дека најбогатите се концентрирани главно на три континенти – Северна Америка, Европа и Азија. Но, што ги прави овие места толку гостољубиви?

Едно можно објаснување е дека секоја земја со повеќе од 100 супер богати е демократија со владеењето на правото. Како исклучоци се наведени само Кина, како и Русија поради критиките на набљудувачите при спроведувањето на последните претседателски избори во земјата во март. Природните ресурси исто така им овозможуваат на земјите како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да влезат во листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП