19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионерите бегаат од земјата, властите ќе го оданочуваат и заминувањето

Милионерите бегаат од земјата, властите ќе го оданочуваат и заминувањето

Индиските власти одлучија да започнат со оданочување на миграцијата поради сомнежите дека најбогатите бегаат од земјата за да го избегнат надзорот и даночните обврски.

Тоа има директни последици по даночните приходи на владата.

Од таа причина индискиот Централен одбор за директни даноци (CBDT), кој го советува Министерството за финансии за даночните политики, основаше посебно тело со задача да изработи цел сет на прописи врз основа на кои ќе се оданочуваат и оние кои планираат да мигрираат, пренесува Раша тудеј.

Извештајот на банката Morgan Stanley неодамна покажа дека 7.000 милионери ја напуштиле Индија минатата година, додека вкупната цифра за изминатите четири години надминува 23.000.

Според податоците на Credit Suisse, во Индија во ноември имало околу 245.000 милионери.

„Одделни земји ширум светот имаат данок на излез од земјата“, вели Џигер Саи од адвокатската компанија BDO, и додава дека многу богати индијци од листата со наводни затајувачи на данок се споменуваат во „Панамските“ и во „Рајските документи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП