29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMemminger Roadster: „Бубата“ која сака да е Porsche (фото+видео)

Memminger Roadster: „Бубата“ која сака да е Porsche (фото+видео)

Новата „буба“ на „Volkswagen“ никогаш не ја достигна славата на оргиналниот модел, но затоа старата и натаму ги инспирира автомобилските ентузијасти.

Веста дека „Volkswagen“ планира да го угаси моделот „New Beetle“, кој во текот на 20 години и две генерации не успеа да се доближи до култниот статус кој го поседува оргиналната „буба“, не премногу ги вознемири љубителите на автомобилиот.

Од друга страна, и покрај тоа што веќе одамна не се произведува, старата „буба“ и натаму буди носталгија кај бројни генерациии на автомобилски ентузијасти.

Некој од нив, како што Герог Меминг, професионално се ангажираше за рестраврација на овој автомобил и враќајќи го сјајот на старите, запуштени „буби“.

Основачот на компанијата „Memminger“, Мемниг запична да ги обновува оргиналните „буби“ од 1992-ра година.

Работејќи со години на рестраврација на стари возила, тој доби инспирација да го искористи оргиналниот дизајн на култниот германски автомобил со цел да направи целосно нов „роудстер“ во ретро стил.

Така настана „Memminger Roadster 2.7“, автомобил кој ги задржа стилските карактеристики на „буба“ од 70-тите, но со спортско „срце“.

Ознаката „2.7“ во моделот се однесува на воденото ладење, четирицилндарскиот 2.7 литарски „боксер“ мотор кој испорачува 210 ks (156 kW) и 247 Nm максимален вртежен момент.

За разлика од „новата буба“, кај која моторот се наоѓа напред, во овој автомобил тој е поместен позади. Но во целост, како кај оргиналната „буба“, туку е поставен централно, зад седиштата. Погонската единица е поврзана со петбрзински мануелен менувач.

Иако „Memminger“ не ги објави податоците и перформансите за „роудстерот“, се претпоставува дека автомобилот е во состојба да развие најмалку 200 km/h.

Сопирачките се позајмени од класичниот „Porsche 911“, a „Memminger Roadster 2.7“ има и подобрена суспензија, 18 инчни бандажи, а производителот тврди дека возилото е тешко само 800 kg.

Со оглед дека автомобилот од почеток е концептиран во ретро стил, како во дизајнерска, така и во механичка смисла, нема премногу електроника и модерни содржини.

Во овој автомобил нема да најдете современ мултимедијален систем со екран чувствителен на допир или дигитална инструмент табла, туку само аналогни часовници – брзинометар, обртомер, мерач за температурата на разладните течности и покажувач на притисокот на маслото во моторот.

Се е поддредено за уживање во возењето и ништо нема да го одвлекува вниманието на патот.

Иако надворешноста е инспирирана од „буба“, автомобилот има малку поразлични пропорции. Продолжено е меѓуосовинското растојание со цел да се смести моторот, а возилото е пошироко од оргиналниот „Volkswagen“.

Зад седиштата се сокриени заштитните „рол-бар“ елементи во случај на превртување, а задниот спојлер во целост го дополнува спортскиот изглед на автомобилот.

„Roadster 2.7“ засега е само концепт, а во компанијата „Memminger“ велат дека, ако има доволно заинтересирани, во план е изработка на мала серија од 20 единици.

За тоа колку ќе чини автомобилот не беше откриено, но ако се знае дека „Memminger“ за рестраврирање на стара „буба“ добива петцифрена сума во евра, поради своите карактеристики и ексклузивност овој „роудстер“ би можел да има и шестцифрена сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП