18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 8 години: Јапонија и Кина продолжуваат со економските разговори

По 8 години: Јапонија и Кина продолжуваат со економските разговори

Јапонија и Кина го продолжија својот економски дијалог по речиси осум години во кои беа замрзнати.

Во предвид растечката економска улога што двете страни би можеле да ја играат како во регионалено, така и на глобално ниво, потребни се „нови перспективи“, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно во почетокот на преговорите во Токио.

Неговиот кинески колега Ванг И рече дека Кина се надева дека ќе го „продлабочи“ дијалогот со Јапонија за економска соработка. Посетата на министерот за надворешни работи Ванг И во Јапонија е првиот кинески министер за надворешни работи за билатерални разговори од 2009-та година. Неговата средба со Коно траеше речиси четири часа во неделата, објави јапонското министерство за надворешни работи. Двајцата министри се согласиле за важноста на организирањето на соодветните посети на јапонскиот премиер Шинзо Абе во Кина и на кинескиот претседател Си Џинпин во Јапонија.

Продолжувањето на разговорите на високо ниво меѓу двете земји е знак за подобрување на односите, кои до неодамна беа напнати поради територијалните спорови и односите на Јапонија кон нејзиното воено минато.

Двете најголеми економии во Азија имаат причина да соработуваат во позадината на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да наметне казнени царини за увоз од нивните земји и неговите барања да отворат своите пазари повеќе за американскиот извоз, коментира и „The Associated Press“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја започна посетата на САД оваа недела со средба со Трамп, за да разговараат за плановите за трговија и самитот меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП