28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ја најави најголемата инвестиција во Европа

Nestle ја најави најголемата инвестиција во Европа

nestle11

„Nestle“ го најави почетокот на изградбата на нова фабрика во Германија, што ќе преставува најголемата инвестиција за оваа компанија во Европа.

Германската канцеларка Ангела Меркел му се придружи на генералниот директор на компанијата „Nestle“, Пол Булке, на церемонијата каде беа поставени темелите за изградба на фабриката „Nescafe Dolce Gusto“. Се очекува дека новата фабрика, вредна 220 милиони евра, ќе отвори околу 450 нови работни места, кога ќе започне да работи со полн капацитет.

„И покрај тешката економска ситуација, веруваме во силата на Европа. Ние сме уверени дека растот е возможен. Поради тоа, не само сега, туку постојано инвестираме во европскиот пазар, иновациите, модерната технологија и високо квалификуваниот кадар. Оваа фабрика не само што е најголема инвестиција во Германија, туку е една од најголемите инвестиции и во Европа. Таа ја потврдува нашата посветеност кон Германија и е доказ за нашата длабока доверба во земјата каде успешно работиме веќе 110 години“, изјави директорот Булке.

Германскиот пазар на глобално ниво е четвртиот најголем пазар, на кој функционира компанијата „Nestle“, а прв според продажбата на брендот „Nescafe Dolce Gusto“.

Фабриката во Шверин ќе биде третиот производствен погон кој исклучиво ќе произведува „Nescafe Dolce Gusto“, зад фабриките во Велика Британија и Шпанија. Новата фабрика на „Nestle“ ќе произведува околу две милијарди капсули на годишно ниво за пазарот на Германија, Скандинавија и Источна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП