25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова Вип Припејд летна тарифа за 1денар/минута кон сите мрежи и бесплатен...

Нова Вип Припејд летна тарифа за 1денар/минута кон сите мрежи и бесплатен неограничен интернет

vip

Во пресрет на летото, Вип оператор со изненадување за сите нови и постојни припејд корисници. Новата Vip Enjoy летна тарифа им нуди на сите нови и постојни припејд корисници разговори за 1 денар/минута кон сите мрежи, како и бесплатен и неограничен интернет со секое надополнување на сметката.  Нова тарифа започнува од денеска и ќе важи цело лето се до 31.08.2013.

Сите нови Вип припејд корисници ја добиваат новата Vip Enjoy летна тарифа автоматски, со новата Vip припејд SIM картичка. Постојните корисници можат да ја активираат едноставно, преку СМС порака со текст „START” на бројот 144 441. Активирањето на тарифата постојните корисници ќе ги чини 99 денари. Корисниците летната тарифа Vip Enjoy ја активираат еднаш, а ја користат цело лето, се до 31.08.2013год.

– Нашата заложба секогаш да им понудиме на корисниците најдобра вредност за нивните пари уште еднаш ја потврдивме преку оваа нова припејд тарифа и овој пат пресретнувајќи ги нивните очекувања. Ја креиравме Vip Enjoy тарифата тргнувајќи од фактот дека во текот на летото сѐ треба да биде подредено на забавата и уживањето, преку комуникација со светот и најблиските по најповолна цена, изјави Џакомо Тољони, Главен маркетинг директор на Вип.

Цената за воспоставување повик со Vip Enjoy тарифата изнесува 2,9 денари. Интернетот е бесплатен и неограничен во првите 7 дена од секое надополнување. Доколку во тој период се надминат 500 МБ интернет сообраќај, корисникот продолжува со беспатното „сурфање“, но со намалена брзина.

Повеќе информации за оваа понуда, корисниците можат да добијат во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на веб страната на Вип www.vip.mк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП