Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Експертите велат дека најуспешните лидери се оние кои активно барат фидбек, односно повратна информација и совет од луѓето со кои работат…
Според Сузан Бејтс која е директорка на компанијата “Bates Communications” и автор на книгата “All the Leader You Can Be” успешните лидери често имаат ментори, или колеги со кои често разменуваат впечатоци и совети.
Бејтс вели дека повратната информација за работата е клучниот чекор кон деловниот развој, кој го дефинира како: „квалитети на лидерот кој се вклучува, инспирира и ги инспирира луѓето да прават одредени дела“.
Бејтс во интервјуто за Бизнис Инсајдер вели дека „луѓето кои имаат колеги-ментори напредуваат побрзо на работа“ од луѓето кои се обидуваат сами.
Колегата-ментор е некој кој е отприлика на иста положба како и вие и е особено драгоцен бидејќи ви помага „да мислите за себе како за некој кој може нешто да овозможи“, вели Бејтс. Не само што менторот ви говори за вашите слабости и предности, туку и вие и давате совети на таа личност.
„Најдобри менторски односи се оние кои негуваат двонасочност, взаемност“. Тоа е двосмерен однос кој со самото тоа е пореален и повреден“, вели Бејтс и додава дека е подобро ако вашиот колега-ментор е во друг дел од организацијата или работи работа поинаква од вашата.
Според истражувањата, младите луѓе се обично и подобри менаџери, делумно поради тоа што се отворени за впечатоци, повратни информации и секогаш се трудат да се подобрат.
Симон Синек, кој е автор на неколку бестселери вели дека најуспешните лидери имаат „ортак“ или некој кој исто така тежнее кон раководечките позиции. Другарите или ортаците често разменуваат знаење и совети.
Можеби е малку засташувачки да слушнете нечии впечатоци или критики за вашата работа, но тоа е клучно за напредувањето. Исто така, барањето на повратна информација потсетува дека раководството не е искуство на една личност туку процес кој бара постојани насоки и впечатоци од другите.
Во современиот свет постојат митови кои велат дека успешните луѓе спијат само четири часа, дека постигнуваат да ги завршат сите свои дневни обврски, дека ништо…
Факт е дека денес е тешко да најдете работа, но иако работите изгледаат така црни, тоа не мора да биде невозможно. Овие мали трикови ќе…
Во бројните истражувања за кариерата, односите меѓу надредените и вработените, се појави и едно истражување на тема колку нарцизоидноста помага во напредувањето. Имено, едно норвешко…
Жените на високите позиции се поподложни на депресиja од машките колеги, покажа истражувањето на американските социолози. Истражувачите истражувањето го спровеле на 1.500 средновечни жени од…
Некои луѓе дознаваат што сакаат да работат многу рано. Најчесто се одлучуваат да ја градат кариерата како своите родители. Други ги откриваат своите амбиции во…
Како тоа некој ги постигнува своите цели и знае за чувството на успех, а на некој неуспех му е средно име? И едниот и другиот…
Секогаш се истакнува дека во деловниот живот треба да знаете како да се истакнете. И во тоа нема ништо лошо – освен ако тоа не…
Често на работното место се случува шефот толку да ве извади од такт да не можете да се воздржите и во тој момент да посакате…
Разговорите со шефот речиси секогаш се непријатни, па повеќето од вработените се обидуваат да ги избегнат, но понекогаш тие се неопходни за да ги заштитите…
Постојат неколку правила кои се основни за добра комуникација. Треба да ги имате на ум и да ги применувате во секојдневната конверзација со луѓето кои…