13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија потпиша договор со Газпром за снабдување со гас до 2023-та

Словенија потпиша договор со Газпром за снабдување со гас до 2023-та

Руската компанија објави дека потпишала договор за снабдување со природен гас на Словенија до 2023-та година. Според договорот, Љубљана ќе добива 600 милиони кубни метри природен гас годишно.

Од кратката објава на веб-страницата на холдингот, не е познато од каде ќе пристигне природниот гас и дали потпишаниот нов договор ги одразува намерите за промена на транзитните правци на рускиот природен гас во Европа.

Во 2017-та година, Словенија добила 607,2 милиони кубни метри гас од Русија. Овие количини беа купени од главниот партнер на Газпром во земјата – Geoplin. Компанијата е најголемиот увозник на природен гас во Словенија.

Според Европската комисија (ЕК), Словенија зависи од увозот на природен гас и преку 40% од потрошувачката доаѓа од Русија. Земјата, исто така, увезува гас од Австрија, Алжир и Италија.

Пазарот во земјата е еден од најмалите во ЕУ. Годишната потрошувачка е околу 1 милијарда кубни метри гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП