3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P ги зголеми изгледите за кредитниот рејтинг на Јапонија

S&P ги зголеми изгледите за кредитниот рејтинг на Јапонија

Рејтинг агенцијата „S&P“ ги зголеми изгледите за кредитниот рејтинг на Јапонија на „позитивни“ од стабилни, бидејќи силната економија создава основа за фискални подобрувања.

Исклучителната екстерна позиција на Јапонија, просперитетната и се посилна економија, како и улогата на јенот како глобална резервна валута, помогнаа во неутрализирањето на последиците од слабите јавни финансии и негативните демогравски трендови, се наведува во објаснувањето на „S&P“, пренеусва агенцијата Ројтерс.

„S&P“, исто така, ги потврди и долгорочниот и краткорочниот суверен рејтинг на Јапонија за задолжување во странство и домашната валута на „А+“ и на „А-1“.

Позитивните изгледи, како што е соопштено, се одраз на здрави перспективи на економскиот раст на Јапонија како во реални така и во номинални услови, наведува рејтинг агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП