28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд отповикува 465.000 возила

Форд отповикува 465.000 возила

forrd

Американскиот автомобилски гигант Форд најави повлекување на 465.000 возила на територијата на САД за да проверат дали се загрозени од истекување на гориво од резервоарот кој може да предизвика пожар. Тие до 31-ви март жалби за сличен технички проблем добиле од околу 600 клиенти, но за среќа пожари не биле регистрирани.

Сервисната кампања ги опфаќа моделите кои се произведени оваа година меѓу кои се „Ford Fusion“, „Flex“, „Explorer“, „Taurus“, „Interceptor Sedan“ и „Interceptor Utility“, како и „Lincoln MKZ“, „MKS“ и „MKT“. Овие возила се наоѓаат на пазарите во САД, Канада и Мексико. Проблемот е дека во моментов Форд немаат доволно делови со кои ќе се засменат неисправните компоненти, па сервисната акција трае најверојатно до крајот на септември.

Тоа е уште удар против имиџот на Форд во кој е вмешан еден од најпопуларните модели на компанијата. Во декември беа отповикани 80.000 автомобили „Fusion“ за проверка од истекување од моторот, кое може да предизвика пожар. Во ноември во сервисите беа повикани 19.000 автомобили од истиот модел за корекција на воздушните перничиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП