18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешката економија во длабока рецесија

Чешката економија во длабока рецесија

Prague_Bridges_Spanning_the_River_Vltava_Czech_Republic-600x450

Чешката економија веќе шести квартал по ред бележи пад, со што Чешка останува во рецесија, најдолга од постоењето на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според податоците на Чешкиот завод за статистика (ЧСУ), економијата  во првиот квартал од годината е намалена за 1,1 проценти во споредба со претходните три месеци.

Споредено со првиот квартал од 2012 година, чешкиот бруто домашен производ (БДП) се намалил за 2,2 проценти.

Актуелната вредност на БДП е за 2,9 проценти пониска отколку во третиот квартал од 2011 година, кога се сметаше дека го достигна својот максимум.

Уште поголем пад од 5,6 проценти, Чешка доживеа кон крајот на 2008 и 2009 година, но во наредните квартали тој пад беше помал, се вели во соопштението на аналитичарите.

Според нив, на развојот на БДП негативно влијаеле даноците на производите и намалувањето за 2,5 отсто на нивната вредност на годишно ниво, а квартално за дури 5,4 проценти.

Падот во голема мера се должи на прекумерно складирање на тутунски производи кога високиот принос од акцизата во четвртиот квартал предизвикал значително подпросечни приходи во превите три месеци. .

– Оваа аномалија најверојатно влијаеше на меѓукварталниот пад на БДП, кој без нејзино вклучување би бил само 0,7 проценти, велат статистичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП