4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДСЗИ отвори телефонска линија за пријавување неправилности

ДСЗИ отвори телефонска линија за пријавување неправилности

Државниот санитарен и здравствен инспекторат отвори бесплатна телефонска линија со број 080025555, на која во текот на работното време ќе можат да се пријавуваат неправилности во надлежност на Инспекторатот.

„Инспекторатот врши надзор во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, а особено над спроведувањето на мерките за појава и спречување на заразните болести во објекти кои подлежат на надзор од ДСЗИ, по евидемиолошка индикација во објектите за производство и промет на храна, надлежности во однос на безбедноста на предметите за општа употреба и тоа; детски играчки, средства за одржување на чистотат, козметички производи; исполнување на условите за вршење дејност во објекти од надлежност на снитарната и здравствената инспекција; санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата во кои се врши здравствена дејност и дејности во областа на образованието, културата, социјалната заштита, спортот и рекреацијата, јавниот превоз, угостителството, туризмот, трговијата и другите стопански гранки“, соопшти Инспекторатот.

Во областа на здравствената заштита, како што вели, Инспекторатот врши надзор особено над остварувањето на правата од здравствената заштита, остварувањето на правата од здравственото осигурување, вршењето здравствена дејност согласно со одобрение од МЗ, почитување на работното време во здравствените установи, водењето на евиденциите во областа на здравството, примената на прописите од областа на здравството (ментално здравје, биомедицинско потпомогнато оплодување, прекин на бременост и др.) од областа на правата на пациентите, начинот на постапување со медицинскиот отпад во здравствените установи, примената на одредбите од областа на заштитата од пушењето и др.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП