23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes без одговор на Audi A1 и MINI

Mercedes без одговор на Audi A1 и MINI

Германскиот производител нема да ја искористи можноста својата нова механичка платформа со преден погон да ја употреби за развој на нова, помала категорија на возила кои во гамата би заземале место под семејството „A Сlasѕ“, потврди во разговор за „Top Gear“ првиот човек на „Mercedes“, Дитер Цетче.

Тоа значи дека „Mercedes“ сепак нема да тргне по стапките на „BMW“, кој разви платворма за модели со преден погон и која покрај компактните возила на баварската компанија ќе ги користи и брендот „MINI“ (кој е во сопственост на „BMW“).

Иако уште еден премиум производител од Германија – „Audi“, на купувачите веќе им понуди поткомпактен модел (A1), oвој автомобил во скоро време нема да добие конкурент од „ѕвездата со три краци“.

Одлуката „Mercedes“ да не се натпреварува со моделите на „MINI“ или „Audi A1“, Цетче го објаснува со стравот дека со тоа ќе му наштетат на брендот. Покрај тоа, трката за поголем раст на производството во така мал автомобилски сегмент нема да донесе значителен профит за компанијата.

„Mercedes“ во минатото сепак беше присутен на пазарот и со помали модели, со оглед дека првите две генерации на „A Сlasѕ“ според концепцијата и димензиите беше дел од поткомпактниот сегмент на возила.

Тоа се промени во 2012-та со претставувањето на третата генерација во форма на компактен хечбек, а истиот стил е продолжен и во четвртата генерација на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП