23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобри вести за СТО, но само доколку дојде до ескалација...

Добри вести за СТО, но само доколку дојде до ескалација…

Светската трговија на стока бележи закрепнување, но може сеуште да се наоѓа во нестабилна состојба и може повторно да се влоши истата, доколку дополнително ескалираат тензиите во трговијата.

Ова го проценува Светската трговска организација (СТО).

Светската трговија со стоки ќе се зголеми оваа година од 4,4 %, по долгиот период кој имаше просечнен раст од 3% на годишно ниво по финансиската криза, велат од организацијата.

Минатата година е остварен раст од 4,7%, што е значително повеќе од предвидените 3,6% , а во 2019-та година се очекува раст од 4,0%.

„Меѓутоа, овој значаен напредок може брзо да се поткопа, доколку владите се наслонат кон рестриктивната трговската политика, особено на манирот „мило за драго“, кој може да доведе до неконтролирана ескалација“, изјави генералниот директор на „СТО“, Роберт Азеведо.

Тој нагласува дека спиралната одмазда е, последното нешто што и е потребно на светската економија.

САД и Кина во последниве неколку недели, воведуваа царини во вредност од неколку десетици милијарди долари, што доведе до голема криза во односите меѓу двете земји.

Светската трговска организација, исто така, прогнозира растот на светската трговија во 2018-та година да се движи од 3,1 % до 5,5%, а за септември предвидоа раст од 1,4 % до 4,4%.

Зголемувањето на проекциите се базираат на досегашните проекции за растот на БДП-то на глобалната економија, но понатамошната ескалација на рестриктивните трговски мерки може да предизвика значително пониски резултати, велат од „СТО“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП