26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗвучете професионално и образовано - Внимавајте на деловниот речник

Звучете професионално и образовано – Внимавајте на деловниот речник

Сите ние тежнееме во својата работа да бидеме што подобри и поуспешни. За да стигнете до врвот, обратете внимание на својот деловен речник.

Жаргони, вулгарности и други зборови кои ги употребувате додека разговарате со пријателите на кафе, не се соодветни за на работно место.

Доколку сакате успешна кариера, морате да звучите професионално и образовано.

Обратете внимание на својот речник и погледнете што би требало да избегнувате.

Пцости – Кога по долго сортирање, од рака ќе ви паднат сите документи и повторно ќе се помешаат, не е страшно доколку ви се испушти по некоја пцовка. Но, во разговорот со колегите и надредените, пцостите едноставно се забранети.

Деминуитиви – Можеби вам ви се симпатични, но на другите сигурно нема да им бидат. Кафенце, пенкалце, ливченце и другите деминуитиви користете ги надвор од канцеларијата.

Акцент – Не треба да го искорените својот акцент, но локалните дијалекти, акроними и зборови кои се карактеристични за краевите од каде доаѓате, пробајте да ги избегнете. Особено ако сте на некој важен состанок.

Писменост и правилно изразување – Можеби вашата работа не бара од вас да се изразувате на литературен јазик, но основните правописни правила морате да ги знаете. Писменоста е важна, затоа обратете внимание и на правилното изразување.

Меилови – Начинот на кој комуницирате со соработниците и клиентите е многу важен. Меиловите можат да откријат многу нешта кои можеби би сакале да ги сокриете, затоа потрудете се вашите меилови да бидат јасни и граматички исправни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП