5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Ја поддржуваме идејата за Европски монетарен фонд, но не под тоа...

ЕЦБ: Ја поддржуваме идејата за Европски монетарен фонд, но не под тоа име

Европската централна банка даде сигнал дека ги одобрува плановите на Европската унија (ЕУ) за давање поголеми овластувања во рацете на регионалниот кризен фонд, под услов тој да не го промени своето име.

Лидерите на блокот ќе разговараат во јуни за идејата за јакнење на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) и нејзиното трансформирање во Европски монетарен фонд, кој ќе има и збор при спроведувањето на спасувачките програми во еврозоната.

Во текст објавен во четвртокот, од „ЕЦБ“ предупредуваат дека користењето на зборот „монетарен“ може да биде „погрешно“ и „неточно“, бидејќи може да предизвика конфузија во однос на тоа кој е одговорен за надзор на еврото, посочува „Bloomberg“.

Позицијата подоцна беше објаснета од гувернерот на германската централна банка и член на Управниот одбор на ЕЦБ, Јенс Вајдман, кој рече за време на говорот во Берлин дека „задачите и целите на „ЕСМ“ не се валутни или имаат заедничко со валутата, а се повеќе фискални и економски“.

Од „ЕЦБ“ посочија дека предлогот на „ЕУ“ е „важен прв чекор“, иако ќе бидат потребни уште реформи, особено во поглед на проширување на портфолиото на финансиските инструменти на „ЕСМ“.

Идејата зад обновувањето на „ЕСМ“ цели кон зацврстувањето на неговата улога на „безбедносна мрежа“ во регионот, што од своја страна потсетува на функциите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на глобално ниво. Сепак од „ЕЦБ“ наведува дека „„ММФ“ е основан под различни околности и со различни цели и задачи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП