5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го стави во мирување купувањето странски валути

Русија го стави во мирување купувањето странски валути

Русија се откажа од купување девизи за девизните резерви со цел да се избегне создавање дополнителен притисок врз слабата руска рубља, рече рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

„Девизи не се купувани, туку купувањето ќе се спроведе во иднина со цел да не се влијае дополнително врз девизните пазари“, рече Силуанов, потврдувајќи ги извештаите на медиумите дека руското министерство не купувало странски валути.

Тој додаде дека Русија ќе успее да најде домашни купувачи за државните обврзници, кои ќе ги заменат странските инвеститори во случај Вашингтон да воведе санкции, така што ќе го одржуваат рускиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП