2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се предомисли, го сака назад договорот со ТПП!

Трамп се предомисли, го сака назад договорот со ТПП!

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од трговските претставници да ја испитаат можноста САД да се приклучат на договорот за ТПП (Транс-Пацифичко партнерство)

Станува збор за договор за слободна трговија, кој е донесен во првите денови од неговиот мандат, како дел од програмата „Америка на прво место“.

Оценуваќи го неговиот потег како пресврт без преседан, агенцијата „АP“ наведува дека барањата на Трамп се во период кога тој се соочува со притисок од републиканците од земјоделските држави, агенцијата искажува загриженост поради неговата протекционистичка трговска политика која би можела да прерасне во трговска војна со Кина, а која би ја погодила и Америка.

Трамп за време на неговата претседателска кампања во 2016-та година остро го искритикува овој мултилитерален договор тврдеќи дека може да се направи подобар договор за американските компании во преговорите, „еден на еден“ со земјите во зоната на Пацификот.

Сега, соочуваќи се со последиците од својот потег, се чини дека Трамп го преиспитува својот став, додава американската агенција.

„Минатата година, претседателот даде ветување дека ќе стави крај на договорот со ТПП остварен од страна на администрацијата на Обама, со објаснување дека овој договор е неповолен за американските работници и земјоделци“, според соопштението за печатот на Белата куќа.

А сега, Трамп им даде задача на своите трговски советници, трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер и на новиот економски советник Лари Кудлоу да ја преиспитаат можноста за преговори.

„AP“ потсетува дека претходниот месец 11 земји го потпишаа договорот  во Шангај, освен САД непосредно пред одлуката на Трамп за воведување на тарифи при увоз на челик и алуминиум.

Имено, овој договор има за цел да воспостави слободна трговија во азиско-пацифичкиот регион и да изврши притисок врз Кина да отвори свој пазар за да може да влезе во конкурентските листи и евентуално да се приближи до блокот.

Јапонија и Нов Зеланд внимателно изреагира на задачата која им ја даде Трамп на своите советници во врска со новите преговори за приклучување кон договорот.

Јапонски официјални лица изјавија дека го поздравуваат овој потег, ако тоа значи дека Трамп ја признава важноста на Транспацифичкото партнерство, но предупреди дека преговорите за овој комплексен договор ќе бидат тешки.

Министерот за трговија од Нов Зеланд, Дејвид Паркер рече дека неговата земја има позитивен пристап кон идејата за повторно приклучување на САД, но Нов Зеланд смета дека американската позиција е сеуште нејасна баш поради различните ставови на администрацијата на Трамп.

Јапонија и Нов Зеланд се дел од 11-те земји кои го потпишаа договорот, веднаш по одлуката за продолжување без САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП