7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанадски бизнисмени преку Македонија ќе го шират бизнисот во Европа

Канадски бизнисмени преку Македонија ќе го шират бизнисот во Европа

makedonskiot-ambasador-vo-kanada-lobira-za-priem-vo-nato-78783

Македонскиот амбасадор во Канада, Љубен Тевдовски вчера пред 20-тина бизнисмени ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија и поволностите што им се нудат на странските инвеститори.

Искуствата на канадските бизнисмени кои преку Македонија планираат да го прошират својот бизнис во Европа ги пренесува канадскиот весник „The Windsor Star“.

Во статијата е пренесена изјава на бизнисменот Бошко Кацаревиќ, кој планира да ја прошири работата на својата компанија во Европа, почнувајќи од Македонија.

– Веќе имаме клиенти во Канада, Америка, Азија и Англија, а бараме начини да им помогнеме на луѓето да го зголемат своето инвестициско портфолио во Европа. Моите корени се од Србија, затоа сум запознаен со бизнис културата и јазикот во Македонија и дојдов тука за да видам како можам да ја проширам мојата компанија, вели Кацаревиќ.

Ванчо Цировски, сопственик на „Peak Consulting“ потенцира дека сака да инвестира во Македонија во здравствениот сектор.  Веќе има регистрирано фирма и чека вистински момент да почне со работа. Посочи на добар даночен систем и високо образовaна работна сила. Заинтересиран е за инвестирање во здравствениот сектор.

Весникот наведува дека презентацијата е една од сериите организирани од страна на македонската Влада за да се привлечат повеќе канадски инвестиции.

– Еден од главните цели на мојата Влада е да се направат напори за подобрување на нашата економија, вели Тевдовски. – Повеќе од 50 отсто од нашите дипломатски напори се сконцентрирани на зголемување на економската размена и зајакнување на економијата, потенцира Тевдовски.

Тој појаснува дека се забележува пораст во ИТ индустријата и во автомобилската индустрија притоа нагласувајќи дека агро-бизнисот е уште една брзорастечка гранка од економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП